Одржана беше работна средба со градоначалникот на Општина Карпош, г. Сотир Лукровски, на која беа презентирани активностите што произлегуваат од Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, како и приоритетите на Кабинетот насочени кон подобрување на условите за живот и унапредување на социјалната инклузија на ромската заедница.
На средбата беше ставен посебен акцент на состојбите во населбата Момин Поток, при што беа разгледани постојните предизвици и беше истакната потребата од системски пристап, координирани активности и засилена соработка меѓу надлежните институции и локалната самоуправа.
Во таа насока, беше разговарано за неопходноста од спроведување мапирање на населението од ромската заедница, како и за согледување на реалните потреби на терен, со цел креирање и имплементација на трајни и одржливи решенија во делот на домувањето и унапредувањето на основната комунална и инфраструктурна мрежа.
На крајот од средбата беше истакната заедничката заложба преку конкретни мерки, меѓуинституционална координација и партнерска соработка со Општина Карпош да се придонесе кон обезбедување подобри услови за живот и целосна социјална инклузија на ромските семејства во населбата Момин Поток.