Министерот Салиу имаше работна средба со амбасадорката на Кралството Холандија, Н.Е. Озлем Џанел.
На средбата, беа презентирани четирите главни проекти за инклузија на Ромите во Македонија, како и состојбата на Ромската популација во земјата.
Амбасадорката Џенел ја поддржа иницијативата и ја истакна важноста на овие проекти, со посебен акцент на едукацијата. Таа нагласи дека главниот фокус треба да биде на младите, особено на децата и жените од ромската заедница, како групи кои имаат потреба од посебна поддршка и инклузија во образовниот систем.
Оваа средба е дел од напорите за подобрување на условите за Ромите во Македонија, како и за продлабочување на соработката со меѓународни партнери во рамки на Стратегијата за инклузија на Ромите.