Министерот Салиу на средба со Н. Е. Рафаел Боријано Ортис, амбасадор на Кралството Шпанија

Министерот Салиу на средба со Н. Е. Рафаел Боријано Ортис, амбасадор на Кралството Шпанија

Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите имаше значајна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н. Е. Рафаел Боријано Ортис, каде што се дискутираше за општествено-економската, политичката и културна положба во која се наоѓаат Ромите во Македонија, како и за целите и задачите кои ги има Кабинетот, во однос на интеграцијата и имплементацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите.

„Н.Е. Рафаел Боријано Ортис го запознавме со нашите стратешки цели за оваа година и темите на кои работиме. На мое големо задоволство, амбасадорот понуди помош и поддршка и најави идна соработка со Владата на Кралството Шпанија, особено во реализација на проекти од областа на образованието и домувањето и други области.“ - кажа Салиу.

Мени за пристапност