Министерот Салиу оствари средба со глобалната организација We Effect, која се бори против сиромаштијата во над 20 земји во Африка, Азија, Европа и Латинска Америка.
Мисијата на We Effect е да спроведе активности за развојна соработка кои ги зајакнуваат локалните организации и организациите базирани на членови составени од жени и мажи кои живеат во сиромаштија. Со поддршка на овие локални здруженија и кооперативни компании, We Effect сака да го зајакне влијанието на членовите врз нивните сопствени животи и заедници.
На средбата беа презентирани четирите проекти од областа на на образованието, здравството, домувањето и сиромаштијата кај Ромите, како клучни точки кои ќе придонесат за подобрување на животниот стандард на заедницата.
Како организација која се фокусира на зајакнување на маргинализираните групи и промовирање на одржлив социо-економски развој, We Effect ја потврдија можноста за наша идна соработка, со што заеднички ќе придонесеме за зајакнување на ромската заедница и поттикнување на нејзината социо-економска стабилност.