Министерот Салиу на увид во населба Тунел - Бараки, Велес

Министерот за интеграција и имплементација на Стратегијата на Ромите 2022-2030 д-р Шабан Салиу на ден 27.01.2025 оствари средба со жителите од населбата Тунел-бараки во Општина Велес, во врска со нивната состојба.

„Овие луѓе, наши браќа и сестри, долги години се жртви на дискриминација од страна на претходната власт, односно Општина Велес и други државни органи.“-вели Салиу.

Жителите кои живеат во населбата Тунел-бараки во Општина Велес, пред скоро две децении во природна катастрофа ги изгубија домовите за кои поседуваа целосна документација, жителите до ден денес живеат во импровизирани домови-бараки, кои им беа доделени како еден вид компензација од страна на „институциите“. Граѓаните за овие живеалишта сеуште не поседуваат имотни листови поради што се спречени да извршат било каква реконструкција на домовите кои се во многу лоша состојба.

По препорака и со поддршка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, ќе формира работна група која ќе постапи и дејствува по дадените препораки од страна на Комисијата.

Работната група ќе биде под директна координација на Кабинетот, ќе работи на трајно решение на овој проблем со домувањето на жителите кои живеат во населбата Тунел-бараки во општина Велес.

Општина Велес и другите државни органи извршиле дискриминација врз ромското население со нивните постапки и прекршиле многу членови од Универзалната декларација за човековите права, меѓу кои и:

Член 8 – Сите луѓе се еднакви пред законот и на сите им припаѓа, без никаква дискриминација, еднаква заштита со закон.

Член 13 – Секој човек има право на слобода на движење и живеалиште во рамките на границите на секоја држава.

Активности: