Седница помеѓу владите на Република Косово и Република Северна Македонија
Во Приштина се одржа седница помеѓу владите на Република Косово и Република Северна Македонија каде што Министерот Салиу имаше обраќање пред присутните и го поздрави потпишувањето повеќе меморандуми за соработка од областа на економијата, енергетиката, образованието и безбедноста, со цел подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на двете соседни држави.
„Со ова се отвораат нови можности за долгорочна соработка која ќе донесе конкретни резултати и позитивни промени во нашите општества“, вели Салиу.
