Министерот Салиу оствари средба со градоначалникот на општина Илинден

Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, д-р Шабан Салиу, оствари средба со градоначалникот на општина Илинден, г-дин Александар Георгиевски. На средбата дискутираа на повеќе теми кои се од круцијално значење за ромската заедница. Зборуваа за спроведување проекти од делокругот на Стратегијата за инклузија на Ромите и од страна на министерот Салиу беше понудена поддршка за работни иницијативи кои ќе придонесат за зголемување на бројот на легализирање на безправно изградени домови и подобрување на инфраструктурата во ромските населени место.

Активности: