Министерот Салиу на средба со државниот секретар на МВР, Сашо Петрушевски
„Денешната средба со државниот секретар на МВР, Сашо Петрушевски, треба да придонесе за побрзо и полесно детектирање и санкционирање на проблемите со кои се соочуваат Ромите, во однос на вадење лични документи, интервенирање во случаите на дискриминација и сл.“ – вели Салиу Државниот секретар на МВР ја понуди својата поддршка за решавање на посочените ситуации, но и за понатамошна соработка со Кабинетот, во насока на подобрување на состојбата на Ромите преку организирање и спроведување обуки и семинари против дискриминација, антициганизам, правата на Ромите, мобилизација и други проекти кои ќе бидат поддржани и од Советот на ЕУ.
