Министерот Салиу на конференција во Стразбург, Франција.
Министерот задолжен за интеграција и имлементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, д-р Шабан Салиу, присуствуваше на состанокот во Советот на Европа на Комитетот за водење на ромски прашања, анти-дискриминација, разновидност и инклузија (CDADI) и Комитетот на експерти за прашања поврзани со Ромите и патниците (ADI-ROM).
„Овој состанок претставува значајна можност да се остварат директни средби со сите релевантни лица и партнери кои се вклучени во спроведувањето на Стратегијата за подобрување на условите за Ромите, на национално и европско ниво. Воедно, имав можност да се сретнам и со националните контакт точки кои играат клучна улога во успешното имплементирање на иницијативите и мерките предвидени со Стратегијата.“ – кажа Салиу
На состанокот се презентираше и проектот за вработување на Ромите во јавниот сектор, чија цел е да се зголеми застапеноста на Ромската заедница во државните и јавните институции. Овој проект е насочен кон унапредување на еднаквоста и инклузијата на Ромите во јавниот сектор, што претставува значителен чекор кон изградба на праведно и инклузивно општество во кое секој има можност за еднаков пристап и учество.
