Министерот Салиу оствари средба со претставници на РЕДИ.

Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите оствари средба со претставници на РЕДИ, г-ѓа Надире Реџепи и г-дин Асиб Зекир, и проектен офицер во Советот на Европа, г-ѓа Мерсиха Усеин.

Главна тема на разговорот беше отпочнувањето на заедничката соработка во насока на поддршка на младите претприемачи, со што ќе се зајакне претприемачкиот дух на младите Роми.

Се разменија идеи за креирање нови програми со кои ќе се овозможи поголема достапност на кредитната способност на Ромите,што ќе го олесни процесот до отпочнување сопствен бизнис.

Со зајакнување и проширување на претприемништвото, ќе се отворат и нови вработувања, што е една од најчувствителните теми за ромската заедница, но и наша стратешка цел, вели министерот Салиу.

Активности: