Соопштенија

Министерот Салиу на увид во населба Тунел - Бараки, Велес

28.01.2025

Министерот за интеграција и имплементација на Стратегијата на Ромите 2022-2030 д-р Шабан Салиу на ден 27.01.2025 оствари средба со жителите од населбата Тунел-бараки во Општина Велес, во врска со нивната состојба.

27 јануари - Меѓународен ден на сеќавање на Ромите - жртви на Холокаустот

27.01.2025

Министерот Салиу беше дел од свечен настан во чест на жртвите на Холокаустот, во Европската куќа во Скопје во организација на Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација - РРОМА од Кратово.

Настанот го поддржа Н.Е. Михалис Рокас, ЕУ амбасадор во РСМ и заедно со присутните оддадоа почит на милионите невини жртви на овој мрачен период од историјата.

Pages