Соопштенија

Министерот Салиу на конференција во Чанаккале Р. Турција

13.10.2024

На покана на претседателот на Федерација на Европски и Балкански ромски здруженија, г-дин Хилми Кескин, во Чанакале, Р. Турција, министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, присуствуваше на Конференција на која што се зборуваше за формирање федерација за заедничко дејствување на невладините организации.

Министерот Салиу оствари средба со претставници на Светска банка

09.10.2024

Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Роми, д-р Шабан Салиу, имаше средба со г-дин Масимилијано Паолучи, државен менаџер за Косово и Северна Македонија, во регионот на Европа и Централна Азија на Светска банка и г-ѓа Бојана Нацева, виш специјалист за образование во Светската банка.

Салиу: Република Турција изражи желба за поддршка на проекти од областа на домувањето

07.10.2024

Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Роми, д-р Шабан Салиу,  одржа значајна средба со амбасадорот на  Република Турција, Н. Е. Фатих Улусој.
На средбата разговараше за  поддршката која Република Турција ја пружа за унапредување на положбата на Ромите во РСМ, особено преку разни програми и проекти.

Министерот Салиу оствари средба со УНДП

04.10.2024

Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Роми, д-р Шабан Салиу, оствари средба со г-дин Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП во Македонија.

Салиу: Дискутиравме во насока на идна соработка во остварување на приоритетите и целите на мојот кабинет. Го запознав со моменталната состојба од имплементацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите и предложив иницијативи од областа на домувањето кои би можеле да ги поддржат, што беше веднаш прифатено од негова страна.

Pages