Соопштенија

Министерот Салиу на свечена академија во Србија, по повод Меѓународниот ден на Ромите

На покана на градоначалникот на Крагуевац, Србија, министерот д-р Шабан Салиу присуствуваше на свечена академија организирана по повод Меѓународниот ден на Ромите.

На овој културен настан на уникатен начин беа прикажани ромската историја, култура, но и нивниот напредок и придонес за општеството во кое живеат.

Салиу: Вие сте тие кои треба да ги сменат состојбите во нашата држава и во светот

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, 8 Март, во организација на Кабинетот на министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030 и меѓународната организација UN Woman, денес се одржа панел-дискусија под наслов „Гласовите на жените Ромки: Од предизвици до успеси“.

Прв состанок на Националното координативно тело - НКТ

Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, д-р Шабан Салиу, во својство на Национален координатор, го одржа првиот состанок на Националното координативно тело (НКТ) за следење на имплементацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, во нов состав.

Pages