Одржан трет работен состанок на Работната група за населбата Тунел-бараки општина Велес

27.01.2026

Работната група за преземање конкретни активности во врска со препораките од Мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, за утврдена директна дискриминација врз основа на етничка припадност, социјално потекло и имотен статус во областа на домувањето и социјалната заштита кон жителите на населбата Тунел-бараки во општина Велес, го одржа третиот работен состанок.

На состанокот покрај веќе обновените договорите за закуп на семејствата од оваа населба, беа предложени локации за изградба на социјални станови согласно важечките ДУП-ови на територијата на Општина Велес, како и беше разгледана можноста за алтернативно трајно решение преку сместување на семејствата во веќе постоечки станбени единици.

Активности: