Честит 5 Ноември – Меѓународен ден на ромскиот јазик!
Честит празник на сите Роми во нашата земја и дијаспора.
Денес во Владата го одбележавме денот посветен на јазикот што носи идентитет, култура и гордост. Заедно со претседателот на Собранието, Африм Гаши и министерката за образование и наука, Весна Јаневска упативме јасна порака дека ромскиот јазик е вредност, а не разлика — и неговата видливост во образованието и јавниот живот е наш заеднички приоритет.
Како министер задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, останувам посветен на политики што го поддржуваат учењето на ромскиот јазик, културните програми и рамноправните можности за младите.
Благодарност до сите што придонесуваат ромскиот јазик да се слуша гласно — во семејствата, училиштата и институциите. Честит празник!



