Работилница за анализа на состојбата на жените Ромки во Северна Македонија
На 12 и 13 ноември 2025 година, во Велес се одржа работилница со цел да се направи анализа за состојбата на жените Ромки во Северна Македонија, на која активно учество зема и претставник на Кабинетот, г-ѓа Џенифа Асановска.
Целта на работилницата беше да се обрне внимание на бариерите во образованието, здравството и вработувањето, како завиена форма на дискриминација со која секојдневно се соочуваат жените Ромки, како и да се дадат предлози за нивно ефективно отстранување.
Ваквиот тип дискриминација, но и стереотипите, значително го отежнуваат секојдневието на Ромките и нивното интегрирање во општеството.

