Салиу: Вие сте тие кои треба да ги сменат состојбите во нашата држава и во светот
Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, 8 Март, во организација на Кабинетот на министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030 и меѓународната организација UN Woman, денес се одржа панел-дискусија под наслов „Гласовите на жените Ромки: Од предизвици до успеси“.
На панелот свое обраќање имаа министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, д-р Шабан Салиу и раководителката на Канцеларијата на UN Women во Северна Македонија, Весна Ивановиќ-Кастаред.
Панел-дискусијата претставуваше платформа за споделување на лични искуства и размислувања од успешни жени Ромки кои со своите постигнувања ја инспирираат заедницата.
Целта на оваа панел-дискусија е да се поттикне јавната свест за важноста на инклузивноста и правото на еднакви можности за сите жени, независно од нивната етничка и социјална припадност. Оваа дискусија ќе ја истакне важноста на родовата еднаквост и ќе понуди конкретни примери на жени кои се бореле за своите права и достоинство, со цел да се инспирираат нови генерации на жени Ромки да ги следат нивните чекори и да создадат позитивни промени во своите животни и професионални патеки.



