27 јануари - Меѓународен ден на сеќавање на Ромите - жртви на Холокаустот

Министерот Салиу беше дел од свечен настан во чест на жртвите на Холокаустот, во Европската куќа во Скопје во организација на Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација - РРОМА од Кратово.

Настанот го поддржа Н.Е. Михалис Рокас, ЕУ амбасадор во РСМ и заедно со присутните оддадоа почит на милионите невини жртви на овој мрачен период од историјата.

Министерот Салиу, во неговиот поздравен говор го нагласи значењето на солидарноста, почитувањето на различностите и важноста на борбата против нетолеранцијата и дискриминацијата.

„Сеќавајќи се на минатото, сите ние ја преземаме одговорноста за создавање подобра и поправедна иднина.“ - вели Салиу

На настанот беше презентирана изложба "Моето право на сеќавање - Меморализација на Ромскиот Геноцид"

Активности: