Министерот Салиу оствари средба со новоименуваниот Амбасадор на Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Кристоф Сомер
Во текот на денот беше остварена работна средба со новоименуваниот Амбасадор на Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Кристоф Сомер. На средбата беа разменети мислења за приоритетите и целите утврдени со Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, како и за досегашните активности и резултати постигнати преку соработката со Швајцарската амбасада.
Воедно, беше разговарано за можностите за натамошно продлабочување и унапредување на партнерството, преку заеднички иницијативи и поддршка на проекти насочени кон подобрување на условите за живот, пристапот до образование, вработување и социјална заштита на ромската заедница.
На средбата беше истакнато дека Швајцарија претставува значаен и доверлив партнер во напорите за развој и спроведување на инклузивни политики, при што беше потврдена заедничката заложба за продолжување на соработката во интерес на унапредување на положбата и целосната социјална инклузија на Ромите во Република Северна Македонија.
