Средба со заменик амбасадор на Германска амбасада, Н.Е. Јан-Аксел Фос

Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, д-р Шабан Салиу, оствари средба со заменик амбасадорот на германската амбасада, Н.Е. Јан-Аксел Фос.

Фосукот на дискусијата беше ставен на можностите за поддржување на проектите кои беа презентирани на донаторската конференција „Ромите и пријателите“. 

Добивме уверување за поддршка и лобирање за овие проекти насочени кон унапредување на положбата на ромската заедница. Сојузна Република Германија ќе се залага за обезбедување меѓународна поддршка и соработка, која што претставува значаен чекор кон постигнување конкретни резултати и подобрување на животните услови на ромската заедница.

Активности: