Одбележан „Денот на децата“ во свечената сала на Владата на РСМ!
Одбележан „Денот на децата“ во свечената сала на Владата на РСМ!
Во свечената сала на Владата на Република Северна Македонија, заедно со нашите партнери од УНИЦЕФ, со гордост го одбележавме „Денот на децата“. На овој значаен ден, ја истакнавме посветеноста кон создавање подобри можности за секое дете – право на образование, грижа, здравје и еднаквост.
Секое дете заслужува да расте во безбедна и поддржувачка средина, а заедничките напори се клучни за исполнување на тие цели. Голема благодарност до УНИЦЕФ за континуираната поддршка и визија за заедничка работа во интерес на нашите најмлади. Нека овој ден биде потсетник дека само со заедништво можеме да изградиме подобро утре за сите!
