Министерот Салиу оствари средба со евроамбасадорот Н.Е. Михалис Рокас
Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, д-р Шабан Салиу оствари средба со евроамбасадорот Н.Е. Михалис Рокас, имаше можност да го запознае со реалната состојба во која се наоѓа ромската заедница. Детално му ги презентираше четирите големи и мошне важни проекти, како дел од Стратегијата за Ромите, од областа на културата, домувањето, дигитализација и обука на младите, организирање семинари и едукација.
Во текот на разговорот главна тема беше проектот за легализација и реновирање на веќе постоечките домови и обезбедување домови за семејствата кои немаат покрив над главата. Евроамбасадорот Рокас ги поздрави и позитивно ги оцени нашите заложби и подготвените проекти со чија реализација ќе се придонесе за подобрување на основните услови за живот на Ромите. Исто така, евроамбасадорот ни подаде рака за идна заедничка соработка со цел поуспешна интеграција на Ромите во Република Македонија.
