Доделени пакети со училишни ранци и храна за најмладите во Дневниот центар „Патека на надежта“ - Шуто Оризари

Министерот без ресор за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, д-р Шабан Салиу, заедно со аташето од Амбасадата на Австрија, Харалд Фугер, и здружението „Љубезност“, доделија пакети со училишни ранци и храна за најмладите во Дневниот центар „Патека на надежта“ – Шуто Оризари.

Акцијата е дел од континуираните активности за зајакнување на инклузијата и намалување на социјалните нееднаквости кај децата.

Кабинетот на министерот д-р Салиу ја продолжува соработката со меѓународни партнери и граѓански организации за конкретна поддршка на ранливите категории граѓани.

Активности: