Министерот Салиу на свечена академија во Србија, по повод Меѓународниот ден на Ромите
На покана на градоначалникот на Крагуевац, Србија, министерот д-р Шабан Салиу присуствуваше на свечена академија организирана по повод Меѓународниот ден на Ромите.
На овој културен настан на уникатен начин беа прикажани ромската историја, култура, но и нивниот напредок и придонес за општеството во кое живеат.
На заедничкото одбележување на овој значаен ден, присуствуваше и министерот за човекови и малцински права и социјален дијалог, г-дин Томислав Жигманов, со кој веќе имаме потпишан меморандум за соработка меѓу двете земји, Република Северна Македонија и Република Србија.
За идна соработка, размена на искуства и заеднички проекти, се разговараше и со Кабинетот на градоначалникот за здравствена и социјална заштита, човекови и малцински права.

