Салиу на работна средба со претставници од чешката амбасада

Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, д-р Шабан Салиу оствари средба со почесниот конзул на чешката амбасада, г-н Кветослав Сулек, г-ѓа Наталија Тоневска Каровска, референт за култура во чешката амбасада, г-ѓа Женет Маркушова, претставник на словачката амбасада, г-ѓа Гордана Родич, директор  SIEC и г-ѓа Фросина Ѓоргиевска,  SIEC.

На средбата беше презентиран проектот за згрижување на децата Роми од улица, кој се спроведува преку Дневниот центар лоциран во о. Шуто Оризари.

Се дискутираше за изнаоѓање систематски решенија, поддржани од државните институции, со цел згрижување и поддршка на децата Роми и нивните семејства.

Активности: