Kампања „Учам за подобра иднина“

Кабинетот на министерот без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, ја започнува кампањата „Учам за подобра иднина“.

 

Преку оваа иницијатива се испраќа силна порака до младите Роми дека образованието е клучот за успех, достоинствен живот и еднакви можности за секое дете. Целта на кампањата е да ги охрабри и мотивира младите да го препознаат учењето како најсигурен пат кон подобра иднина.

„Со заеднички сили можеме да создадеме услови во кои секое дете ќе има поддршка да го оствари својот потенцијал. Образованието не е само право, туку и најголема инвестиција во иднината на заедницата и државата,“ истакнуваат од Кабинетот на министерот д-р Шабан Салиу.

 

Кампањата ќе се реализира во повеќе градови низ државата, а започнува денес во Куманово, во основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“. Активностите ќе бидат насочени кон подигање на свеста за важноста на образованието, како и промоција на позитивни примери на успешни млади Роми.

 

Активности: