Министерот Салиу учествуваше на дебата на тема „Важноста на ЕУ-интеграциите и инклузијата на Ромите како предуслов за пристапување во Унијата“
Министерот Салиу, на покана на здружението "Ромски Деловен Информативен Центар на Македонија-Скопје", присуствуваше на настан организиран во рамки на проектот „Обединети во различности – патот до инклузија“, проследен со дебата на тема: „Важноста на ЕУ-интеграциите и инклузијата на Ромите како предуслов за пристапување во Унијата“.
Во текот обраќањето министерот Салиу истакна дека инклузијата на Ромите не е само формална обврска произлезена од националната стратегија, туку и морална одговорност и европски приоритет. Европските интеграции се тесно поврзани со реални резултати на терен во образованието, вработувањето, здравството и домувањето. Оттаму, не постои вистински европски напредок без вистинска социјална инклузија.
„Уште еднаш потврдувам дека Ромите претставуваат клучен елемент на европската агенда и мерлив индикатор за демократскиот и општествениот напредок на државата. Владата на Република Северна Македонија останува цврсто посветена на имплементацијата на Стратегијата, во партнерство со самата заедница.“ - вели Салиу
