Средба со претставничките на Здружението "Иницијатива за правата на жените во Шуто Оризари".
Министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, д-р Шабан Салиу, оствари средба со претставничките на Здружението "Иницијатива за правата на жените во Шуто Оризари".
На состанокот беа разгледани повеќе прашања и теми, при што акцентот беше ставен на здравството и образованието, како клучни аспекти на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030. Во фокусот на разговорот беше и проблематиката на родово базираното насилство врз жени Ромки.
Дополнително, беше дискутирано за можностите за заедничка соработка во рамките на проектите предвидени со Стратегијата за инклузија на Ромите за периодот 2022-2030.
„Верувам дека преку заедничките иницијативи и отворениот дијалог, ќе успееме да развиеме конкретни планови и стратегии кои ќе го подобрат животниот стандард на ромското население.“ - вели Салиу
