Министерот Салиу имаше обраќање на состанокот за соработка помеѓу ОН и РСМ
Министерот Салиу присуствуваше на состанок за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој (2026-2030) помеѓу ОН и Република Северна Македонија. Покрај обраќањето на претседателот на Владата на РСМ и останатите министри, Салиу ги претстави приоритетите, програмата и столбовите на Кабинетот. Настанот има за цел да ги обедини сите релевантни актери – претставници на ромската заедница, владини институции, граѓански организации и меѓународни партнери – за заедничка дискусија и дефинирање на приоритетите.
"На состанокот имавме конструктивен дијалог за заедничко дејствување и вкучување на препораките на ромските проиоритети во новата рамка за соработка со Обединетите Нации, со цел создавање долгорочни решенија кои ќе го подобрат квалитетот на животот на Ромите и нивната интеграција во општеството" - истакна Салиу.
