Работна посета на Поликлиниката Шуто Оризари

Министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, д-р Шабан Салиу, заедно со министерот за здравство Азир Алиу, оствари работна посета на Поликлиниката Шуто Оризари.

Во фокусот беа унапредување на пристапот до примарната здравствена заштита, организациски подобрувања за пократко време на чекање и засилување на превентивните програми со акцент на деца и ранливи категории.

ПД-р Салиу ја истакна потребата од координација меѓу установата и надлежните институции и најави континуирани теренски активности со јасна ориентација кон квалитетни и правични услуги за жителите на Шуто Оризари.

Активности: