Министерот Салиу го одржа вториот состанок со Националното кооординативно тело за имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030
Министерот Салиу го одржа вториот состанок на Националното координативно тело за имплементација на Стратегијата за инклузија на Роми 2022-2030.
На состанокот, од страна на ресорните министерства, беа презентирани активностите што произлегуваат од Националните акциски планови, за периодот јануари-јуни 2025г.
Исто така, беа презентирани и активностите од проектот "Интеграција на Роми - Фаза III" во соработка со Совет на Европа.
На крајот од состанокот се разви дискусија по различни прашања од областа на вработувањето, домувањето, образованието, антициганизмот итн.
Во претстојниот период ќе биде објавен и записникот од состанокот кој ќе биде јавно објавен на официјалната веб-страна на Кабинетот.

