Министерот Салиу на средба со Н. Е. Рафаел Боријано Ортис, амбасадор на Кралството Шпанија.

Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите имаше значајна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н. Е. Рафаел Боријано Ортис, каде што се дискутираше за општествено-економската, политичката и културна положба во која се наоѓаат Ромите во Македонија, како и за целите и задачите кои ги има Кабинетот, во однос на интеграцијата и имплементацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите.

„Н.Е. Рафаел Боријано Ортис го запознавме со нашите стратешки цели за оваа година и темите на кои работиме. На мое големо задоволство, амбасадорот понуди помош и поддршка и најави идна соработка со Владата на Кралството Шпанија, особено во реализација на проекти од областа на образованието и домувањето и други области.“ - кажа Салиу

Активности: