Гордо и достоинствено одбележан 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите

Со гордост и достоинство одбележан Меѓународниот ден на Ромите

Во организација на Владата на Република Северна Македонија и министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, д-р Шабан Салиу, вечерва во Националната опера и балет се одржа централната свеченост по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.

    

Настанот се одвиваше во свечена и достоинствена атмосфера, со силна симболика и пораки на почит, еднаквост и заедништво. Програмата беше фокусирана на вредностите на инклузивноста, културната разноликост и поддршката за унапредување на правата и можностите на ромската заедница во сите општествени сегменти.

    

Преку обраќања од страна на претставници на Владата и институциите, беше повторено уверувањето дека ромската заедница останува стратешки партнер во процесите на општествена трансформација, а имплементацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030 претставува клучна алатка за одржливи и долгорочни резултати.

Во рамки на културниот дел од програмата, публиката имаше можност да ужива во настапот на познатиот „Велики народни оркестар“ предводен од маестро Ненад Милановиќ – Пеги, кој со својот богат репертоар даде уметничка димензија на настанот и го заокружи денот во духот на ромската култура.

Светскиот ден на Ромите претставува потсетник за важноста на заедничките напори во борбата против дискриминацијата и промоцијата на еднакви можности за сите.

Владата на Република Северна Македонија останува цврсто посветена на изградба на инклузивно, праведно и просперитетно општество во кое секој граѓанин ќе има можност да придонесе и напредува.

Активности: