Министерот Салиу оствари средба со директорката на ДУЦОР „Партенија Зографски“ – Скопје

Денес остварив средба со директорката на ДУЦОР „Партенија Зографски“ – Скопје, г-ѓа Слободанка Џеповска. ДУЦОР „Партенија Зографски“ – Скопје веќе седум децении посветено работи со ученици со посебни образовни потреби (со оштетен слух).

На средбата разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат учениците, за нивните потреби, но и за скриените таленти и потенцијалот што го поседуваат.

Обострано се согласивме дека само преку заедничко делување можеме да создадеме подобри услови и можности за овие деца. Како Кабинет на министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, ќе ги искористиме сите расположливи ресурси за да им помогнеме и да дадеме поддршка на оваа важна образовна институција.

Образовната кампања што ја спроведува Кабинетот ќе го опфати и училиштето ДУЦОР „Партенија Зографски“, во кое, покрај други, наставата ја следат и околу 20 ученици Роми.

Заедно градиме општество со еднакви можности за сите!

Активности: