Прв состанок на Националното координативно тело - НКТ

Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, д-р Шабан Салиу, во својство на Национален координатор, го одржа првиот состанок на Националното координативно тело (НКТ) за следење на имплементацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, во нов состав.

Во рамки на дневниот ред на состанокот, од страна на членот на НКТ - претставник на мојот Кабинет, беа презентирани измените на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030.

Претставниците на министерствата кои се вклучени во спроведувањето на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, во својство на членови на НКТ, ги презентираа спроведените тековни и идни активности преземени од нивните институции, во насока на подобрување на состојбата на Ромите во Република Северна Македонија.

Спроведувањето на националните планови предвидени со Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030 ќе продолжи и во иднина, со што уште повеќе ќе се зацврсти меѓуинституционалната соработка.

Активности: