Салиу: Верувам дека заедничките иницијативи и дијалогот ќе ни помогнат да развиеме конкретни планови и стратегии кои ќе ги подобрат условите на ромското население во нашите земји.

Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите имаше чест и можност да се состане со амбасадорката на Грција, Н. Е. Софиа Пхилппидоу, и заменикот шеф на мисија, г-ѓа Кристина Василатоу. На состанокот разговараа за значајните предизвици со кои се соочуваат Ромите во Македонија и Грција, особено во контекст на подобрување на условите на ромското население. Оваа средба овозможи да се идентификуваат клучните области во кои може да се соработува, како што се образованието, социјалната инклузија и економските можности. Посебно внимание е посветено на начините за унапредување на соработката со нивните министерства, со цел да се разменат искуства и практики кои можат да придонесат за решавање на овие предизвици. Верувам дека заедничките иницијативи и дијалогот ќе ни помогнат да развиеме конкретни планови и стратегии кои ќе ги подобрат условите на ромското население во нашите земји. Искрено се надевам дека ќе продолжиме со оваа конструктивна соработка и ќе создадеме реални решенија во полза на Ромите во регионот, вели Салиу.

Активности: