Учество на настан по повод 5 Ноември - Меѓународниот ден на Ромскиот јазик
Во рамки на програмата "Ноемвриски денови 2025", со особена чест и задоволство, денес претставници на Кабинетот присуствуваа на настан по повод Меѓународниот ден на ромскиот јазик – 5 Ноември. Настанот кој беше организиран од страна на Центарот за ромската заедница – ДРОМ, Куманово, со поддршка на Општина Куманово, се одржа во Занаетчискиот дом во Куманово.



